Хоџин Чои воодушевен од луксузот на компанијата и Bugatti Royale кој според него претставува ремек-дело на автомобилската елеганција, го создава концептниот автомобил La Belle Époque. Инспириран од Bugatti Royale со цел да ја прослави историјата на овој автомобил, Чои го создава концептот кој се карактеризира со модерни лелеави линии, стилизирана грациозност и елеганција на новото време.

Генерално La Belle Époque ги комбинира кодовите на автомобилски дизајн на Bugatti од 1920-тите, сето тоа ажурирано со актуелната естетика, иновации и детали. Дизајнот има облик на солза со рационализирани предни тркала, стаклен покрив кој го покрива одделот за патници кој исто се протега до задниот дел и го дава футуристичкиот изглед на концептот.