Актуелната вселенска програма на САД не е она што беше пред неколку децении, но дизајнерот Александер Имнадзе Балдини го создаде своето транспортно комбе за астронаути од соништата, или како што тој го нарекува, Astrovan, кое би можело да биде користено од страна на NASA во иднина.

Кога вселенската програма на САД беше на врвот на својата моќ, NASA користеше специјално комбе за транспорт на астронаутите од Operations и Checkout зградите до местото на лансирање во пресрет на секоја мисија. Инспирирано од тоа комбе, Балдини направи рендер за една модерна верзија која дефинитивно е на нивото на задачата.

Првата работа која воодушевува е неговата големина. Се карактеризира со шест тркала и е исклучително долго возило со што на астронаутите ќе им се овозможи доволно простор во внатрешноста. Исто така има и интригантен дизајн кој дефинитивно е соодветен во однос на некои претходни Astrovan модели кои ги користеше NASA во минатото.

NASA

Комбето нема традиционални врати и наместо тоа има голем отвор на страната кој е наменет за лесно влегување и излегување. На предниот дел се наоѓаат три LED светлечки ленти кои слушат како предни светла, а на задната страна се наоѓа огромен прозор и LED лента која го обиколува, како и секундарна хоризонтална LED лента.

За жал, тешко дека некогаш ќе видиме Astrovan кој изгледа нешто налик ова. Всушност, последниот Astrovan беше претстсавен во октомври минатата година изработен од страна на Boeing и Airstream. Базиран е на Mercedes-Benz Sprinter и наликува на модифицираните кампери кои беа користени во 60-тите и 70-тите години на минатиот век.