На сите ви е познато дека водата ни е неоходна и најголем проблем е тоа што не ја пиеме доволно. Познато е дека потребни ни се барем 8 чаши вода дневно. Водата е екстремно важна за вашето тело особено за оние кои имаат вишок телесна маса и за оние кои вежбаат. Знаци на дехидратација се: главоболка, грчеви во мускулите, малаксаност, темна боја на урина и сл. Хидрирајте го телото пред да ги почувствувате овие знаци.

Освен пиењето вода, водата може да ја внесете и преку храна. Во храна богата со вода спаѓаат: краставиците- 96%, патлиџан- 95%, спанаќ- 93%, печурки – 92%, лубеница – 91%, брокула-90%, портокали – 86%, јаболка- 85%, боровница-84%.

Смути за хидратација на телото

Потребно е:
½ ананас
¼ лубеница
1 краставица
1 лимон
2,5 см свеж ѓумбир

Начин на подготвување:
Тргнете ја кората од ананасот, лимонот, лубеницата и излупете ги краставицата и ѓумбирот. Ставете се во соковник. Уживајте!