Не е неопходно секојдневно да трчате за да го намалите ризикот од прерана смрт за 27%
Најново истражување покажува дека каков било вид трчање, го продолжува животниот век и има големи придобивки за здравјето.
Истражувачите комплетирале информации од 14 претходни истражувања со повеќе од 232 илјади испитаници чие здрајве било набљудувано помеѓи 5 и 35 години. Нивните податоци откриваат дека какво било и колкаво било трчање, зборуваме за помалку од 55 минути неделно, го намалува ризикот за прерана смрт за 27%, ризикот од смрт предизвикана од кардиоваскуларни заболувања за 30% и и ризикот од смртност од секаков вид рак за 23%.
Ова значи дека трчањето 10 минути дневно, 5 дена во неделата е одличен начин да почнете со физичка активност, ако досега воопшто не сте биле активни.