Неодамнешната студија објавена во Journal of Sex Research публикацијата, опширно го проучуваше бројот на сексуални партнери и дали ваквата информација има било какво значење во сексот.

За време на онлајн експериментот кој вклучувал 188 пациенти, научниците ги наведувале испитаниците да стапат во врска со низа на различни хипотетички партнери, од кои сите варирале по бројот на сексуални партнери од 0 до 60.

Кога станува збор за „сексот за една ноќ“, или врските без обврски, отпималниот број на поранешни љубовници бил меѓу два и шест, по што интересот полека опаѓал со секој дополнителен партнер. Во кратките врски, просечниот скор на прифаќање за мажи бил нешто поголем во однос на бројот кој бил актуелен кај жените. Покрај се, машкиот дел од испитаниците биле далеку порасположени да се впуштат во врска со девица, или некоја жена со помал број на сексуални партнери во минатото. Како и да е, овие разлики меѓу половите биле толку мали што е речиси невозможно со сигурност да се потврдат.

Повеќе не е подобро

Од друга страна, кога се зборува за долгорочните врски, разликите меѓу половите станале уште помали, со тоа што двете страни се мошне експлицитни против впуштањето во однос со личности од спротивниот пол кои имале голем број сексуални партнери пред нив.

Оптималниот број на сексуални партнери за долгорочните врски се движел околу два или три. По ова, секој дополнителен сексуален партнер постепено ја деградирал привлечноста на одредена личност.

„Ефектот на бројот на поранешни партнери беше мошне голем. Поради тоа, врежаното мислење дека машкиот промискуитет може да биде толериран од страна на жените не пие вода, бидејќи двата пола изразија подеднаква одбивност и не сакаа да стапат во односи со некој кој поседува големо сексуално портфолио“, заклучува студијата.

Можеби околу сето ова се крева преголема фама, исто како и околу бројот на голем број други неважни теми во денешниот свет, но вистината е една – се додека клучот е соодветен за бравата, љубовниот живот е и повеќе од добар.