При пишување на својата книга Tell Me What You Want, д-р Џастин Лехмилер извршил истражување со 4.000 испитаници во врска со нивните секс фетиши. 

„Фетишите се мултисензорно искуство и се индивидуални кај секој човек. Различни работи може да предизвикуваат возбудување кај различни луѓе“, објаснува д-р Лехмилер. „Што се однесува конкретно до стапалата, кај најголемиот дел од луѓето привлечен е визуелниот ефект, но кај некои придонесува до возбуда и мирисање, лижење или допирање. Некои дури ги користат и за сексуална пенетрација.“ 

Според Лехмилер тешко е да се одреди точната бројка на луѓе за кои стапалата претставуваат сексуален објект, но во неговото истражување 14% од испитаниците се изјасниле дека имале сексуална фантазија која вклучувала стапала или прсти на нозете. Истражувањето на д-р Лехмилер дава податок за тоа колкав број на мажи и жени имаале ваков фетиш па така, 5% од хетеросексуалните жени изјавиле дека ги привлекуваат стапалата на спротивниот пол, 18 % од хетеросексуалните мажи го изјавиле истото, за 11% од жените кои ги привлекуваат други жени стапалата се сексуален објект и 21% од мажите кои ги привлекуваат други мажи го изјавиле истото.

Заклучокот е дека мажите општо, се посклони на стапалата меѓу чаршафите. 

На прашањето што ја причинува појавата за фетиши, конкретно за стапалата, д-р Лехмилер одговара дека станува збор за различни причинители, но најчесто наученото однесување. „Да речеме дека сте имале партнерка која ви ги стимулирала гениталиите со помош на нејзините стапала, и тоа било искуство кое не сте го имале претходно. Нормално е да тежнеете да го повторите и на тој начин се создава фетиш“, објаснува Лехмилер.

Најголемата заблуда околу фетишот кон стапалата, како што изјавува докторот, е дека станува збор за некакво ментално растројство. Сè додека човекот индивидуално нема проблем со својот фетиш и додека не извршува некако злосторство за да го исполни фетишот, нема ништо погрешно во тоа да пронаоѓате привлечност кон стапалата кога станува збор за сексот.