Со процесот на вакцинацијата започнаа да се појавуваат и голем број информации во јавноста околу тоа што треба да правиме и како да се однесуваме, што можеме, а што не смееме да конзумираме и во колкави количини. Веќе е добро познат феномен досега. За голем број луѓе, втората доза од Ковид-19 вакцина донесе и нешто посилни реакции и симптоми како дел до развивањето на антителата потребни за битката против смртоносниот вирус.
Но, исто така, голем број луѓе се соочија и со силни емоции. Секако, примањето на втората доза вакцина носи и чувство на олеснетост и потреба за сериозна забава, каква што немале повеќе од една година, бидејќи ги почитувале мерките за превенција. Едно од најчестите прашања со кои се соочуваме е дали и колкава количина на алкохол смееме да конзумираме откако ќе ја примиме втората доза на вакцина? Според New York Times, сосема е безбедно да се напиете некоја чаша алкохол, се додека е во рамките на нормалата.
„Не постојат докази дека ако се напиете една или две пијачки ќе наштетите на било која од актуелните Ковид-19 вакцини и дека истите ќе ги направите помалку ефикасни. Некои студии дури открија и дека на долги патеки, мали или средни количини на алкохол би можеле да бидат од корист за имунолошкиот систем преку намалување на воспаленијата“, пишува NYT, но додава:
Немојте да претерувате
„Силното конзумирање на алкохол, од друга страна, особено на подолг временски период, може да го потисне имунолошкиот систем и потенцијално да се помеша со реакцијата на вакцината, велат експертите. Со оглед на тоа дека можат да поминат и недели по вакцинацијата за телото да генерира заштитни нивоа на антитела против новиот коронавирус, се што може да наштети на имунолошкиот одговор е причина за загриженост“.
Говорејќи за Times, директорот на Центарот за вирусно истражување на Универзитетот во Калифорнија, Ирвајн, Илхем Месауди, вели дека за „скромните“ конзументи на алкохол, „не постои ризик за да се напијат некоја пијачка околу времето на вакцинацијата“.
Сепак, Месауди вели дека вакцинираните мораат да бидат свесни што значи умерено пиење. Опасно е да се пијат големи количини на алкохол бидејќи влијанието на целиот биолошки систем, вклучително и имунолошкиот, е прилично тешко и се случува многу брзо откако ќе излезете од границите на умереноста.
Повеќе студии за умерените конзумирања на алкохол низ годините повеќе пати откривале дека со тоа се намалуваат знаците на воспаление во крвотокот. Ако одите во крајност, тогаш сепак се произведуваат слаби имунолошки реакции на инфекциите.