Инспирација на новата колекција пролет/лето 2020 на модниот бренд Corneliani е духот на 70-тите, парчиња облека во која е проткаена носталгична и винтиџ вибрација.
Брендот со својата нова колекција за мажи открива хипер софистицирана привлечност, која е проектирана во современиот свет преку ткаенини и високо-технолошки материјали.
На овој начин модната куќа го слави машкиот софистициран и луксузен стил гледан низ објективот на современоста каде убавината, удобноста и практичноста создаваат совршена рамнотежа. Целокупниот опуштен и спонтан изглед го доловува динамичниот живот на современиот маж, останувајќи лојален на својот дух.