Ако досега не сте ја погледнале машката колекција Есен/Зима 2020 на Alexander McQueen тогаш време е да ја погледнете. Овој бренд дефинитивно знае што е СМЕЛ крој кога станува збор за модата. Брендот носи остри линии и детали со својата машка колекција која ја долови и идеално ја преслика фотографот Итан Џејмс Грин.

За да се комплетира едиторијалот и да се претстават моделите целосно одговорни беа стилистката Камила Никерсон заедно со манекените Алекс Хетфилд, Алмантас Петкунас, Ли Мин Сеок, Малик Бодијан, Пратик Шети и Јанг Хао. Контроверзниот углед кој го имаше, покојниот McQueen, на пистата уште познат и како „хулиган на англиската мода“ а кој го продолжи Сара Бартон го издвојува овој бренд од останатите со деталите кои овде и тек како се битни што дури и ја карактеризираат оваа колекција.