Претставени како неверојатни во кревет, NightBuds на Kokoon, претставува лично аудио помагало за спиење. Слушалките специјално дизајнирани да ви помогнат со спиењето се дебели само 5.4 mm и воопшто не сметаат при спиењето. Визуелно многу футуристички овие слушалки се поврзани со заден дел (модул со батерии/перниче) преку брановидни тенки жици.

Батеријата има капацитет за 10 часа, додека пак вградените ЕЕГ сензори ја следат вашата мозочна активност за време на спиењето. NightBuds имаат и сензори за движење и детектирање на бучава, кои помагаат при изолацијата на бучавата и динамичното маскирање на истата.

Будењето со овие слушалки е доста едноставно и пријатно поради нежното будење со прилагоден будилник, што помага дополнително во намалување на нивото на стрес. За разлика од конкуренцијата, NightBuds на Kokoon, можете да ги користите како обични слушалки Bluetooth 4.0 преку ден.