Користејќи податоци од патници и совпаѓајќи ги нивните согледувања со астрологијата и најдефинирачките црти на секој хороскопски знак, Booking направи возбудлива листа на дестинации кои треба да ги земете предвид за вашето следно патување.
Меѓународните патувања се консолидираат, се повеќе и повеќе земји се отвараат поради туризмот, па време е да се започнат планирањата за пост-пандемските одмори. И додека можеби се чувствувате привлечени кон одредени дестинации од соништата или одреден тип на одмор, вашата следна авантура би можела да биде вистинската која ќе ги исполни потребите на вашиот хороскопски знак.
Од скриени места, до гламурозни урбани центри, ова се следните ваши идеални дестинации за патување, судејќи според вашиот хороскопски знак.
Водолија: Бак Ха, Виетнам
Бак Ха, рурален дистрикт во северниот дел на Виетнам оживува во неделите благодарение на неговиот голем и колоритен пазар, е идеалната дестинација за сите водолии, кои типично се независни. Познато по смирувачкиот планински пејзаж и културното богатство на народот Хмног, Лао Каи регионот има многу што да понуди.
Риби: Санкт Петерсбург, Русија
Санкт Петерсбург има многу што да понуди кога станува збор за уметноста и историјата и е една од највозбудливата туристичка дестинација за љубителите на книгите. Рибите, кои се познати по својата имагинација и уметничкиот дух, имаат многу што да истражат во главниот град на културата во Русија, почнувајќи од велелепниот Марински театар, па се до безбројните галерии и згради во барок стил.
Овен: Сан Педро де Атакама, Чиле
За авантуристичките овни, нема ништо повозбудливо од планински велосипедизам и бордање на песок во Сан Педро де Атакама, лоциран во прекрасниот Вале де ла Луна во Чиле. За дополнителниот шарм околината е позната и по својата разнолика култура и кујна.
Бик: Орландо, Флорида
Орландо, една од најпопуларните туристички дестинации во САД, е синоним за семеен одмор. За биковите, кои најмногу сакаат да уживаат во времето поминато со најблиските и едноставните задоволства во животот, живописниот град во централна Флорида е совршеното место за опуштање во добро друштво, а притоа да се забавувате во познатите забавни паркови.
Близнаци: Лондон, Велика Британија
За Лондон не е потребно никакво претставување. Со својата живост и уникатна разновидност, британскиот главен град ги задоволува потребите и соништата на многумина ширум светот и создава идеална дестинација за близнаците, бидејќи буквално изобилува со места за истражување.
Рак: Бангкок, Тајланд
Туристите со овој хороскопски знак, чија главна одлика е тоа што се пријателски настроени и со отворен ум, дефинитивно ќе уживаат во етосот и гостопримливоста на Тајланѓаните. Освен тоа, оваа исклучително развиена метропола во Југоисточна Азија е еден од најдобрите примери за современа урбанизација, каде што традицијата, иновацијата и хипстер културата неверојатно коегзистираат. Од оваа, но и многу други причини, Бангкок е една од најпопуларните туристички дестинации во светот.
Лав: Кернс, Австралија
Лавовите секогаш се во потрага по патувачки искуства кои ќе можат да се усогласат со нивната храбра и интензивна личност. Патувањето до Кернс, кој се смета за порта кон Големиот корален гребен во Австралија, треба да биде на врвот на нивната листа. Освен неговиот рајски тропски пејзаж, падобранството е уште една причина што ги привлекува туристите. Незаборавното искуство нуди неверојатен поглед врз Големиот корален гребен.
Девица: Токио, Јапонија
Со текот на годините, главниот град на Јапонија беше главен пример за тоа како да се стане одржлива метропола. Девиците, кои се сочувствителни по природа, ќе бидат импресионирани од градот и посветеноста на жителите да живеат почист и позелен живот. Нема потреба да се напомене, но Токио е и една од највозбудливите дестинации во светот кога станува збор за храната, шопингот, шетањето и целосно претопување во локалната култура.
Вага: Портофино, Италија
Вагата е ѕвезден знак кој е управуван од Венера. Со други зборови, луѓето кои се родени под овој знак, обожаваат да бидат заљубени. Портофино, од оваа но и многу други причини, е совршената дестинација за нив. Крајбрежното италијанско селце е познато по своите луксузни бутици, живописните куќи кои гледаат на пристаништето и шик атмосферата, со што е едно од најромантичните места на светот.
Скорпија: Берлин, Германија
Кога се во потрага по дестинација која ја наполни нивната одлучност и адаптибилност, скорпиите дефинитивно ќе ја ценат комбинацијата од гламур и алтернативен ноќен живот. Во последните години, главниот град на Германија стана главно место за креативците од целиот свет, како и еден од најтренди градовите во Европа.
Стрелец: Ласа, Тибет
Познат по тоа што е центарот на тибетскиот будистички свет, Ласа е културниот дијамант на Југозападна Кина. Туристите кои се стрелци во хороскоп, кои сакаат да научат нови работи, дефинитивно ќе пронајдат нешто специјално во оваа оаза на внатрешен мир.
Јарец: Квинстаун, Нов Зеланд
Како најпрактичен ѕвезден знак, јарците се познати по тоа што се храбри и истрајни. Авантурата всушност може да биде многу привлечна за преземање на нови предизвици за нивните издржливи личности. Квинстаун, на брегот на езерото Вакатипуе на Јужниот Остров, нуди мноштво авантуристички активности, вклучително и планински велосипедизам, параглајдерство и банџи скокови.