Поради се поголемата свесност за тоа како убавината влијае на нашата животна средина, се почесто ги бираме производите кои ги купуваме. Козметичките компании пак од друга страна знаат да ни го олеснат купувањето со ознаки кои не информираат дали некој производ е cruelty-free, vegan или clean beauty. Но за да знаеме кој избор би го направиле ние и кон што се стремиме мора да правиме разлика помеѓу овие три поими. Еве едно кратко објаснување!

Cruelty-free

Производите кои имаат ваква ознака на себе, значи дека се направени без да бидат тестирани на животни. Од март 2013 година, тестирањето на животни за козметика што се продава во ЕУ е официјално забрането. Надвор од Европската Унија некои вакви тестирања се сеуште дозволени. Најчесто козметичките производи се тестирале на глувци и зајаци па поради тоа PETA, покрај ознаките кои ги ставаат производителите, како Cruelty-free, Vegan and Cruelty-free, Leaping Bunny или One Voice, има и листа на брендови кои не ги извршуваат овие тестирања на животни, што значи нема суровост во производството на производите.

Vegan

Многу често луѓето знаат да ги измешаат ознаките cruelty-free и vegan. Најчесто веганската козметика начи дека е cruelty-free, но немора да важи обратно, односно cruelty-free производот немора да биде вегански. Според Cambridge Dictionary зборот Vegan значи- не јадење, употреба или вклучување било каков производ од животинско потекло. Еве еден едноставен пример кој многумина „вегани” го занемаруваат, на пример, козметиката добиена од мед, колку и да е природна, не се смета за веганска. Ознаките кои ги означуваат производите како вегански се: Vegan Society, V-Label, Eve Vegan, Vegecert, VeganOK или Certified Vegan.

Clean beauty

На ова може да се гледа повеќе како на глобален тренд, бидејќи конкретна дефиниција или ознака за сертификација на овој вид на производ сеуште нема. Побарувачката на одржливи, нетоксични, не контроверзни состојки, состојки кои не им штетат на животните, кои се здрави и природни е се поголема. Од тука и козметичките брендови прифаќајќи ги побарувањата од потрошувачите ова го наметуваат како еден глобален концепт кој се почитува и промовира како таков. Следниот пат кога ќе купите нешто проверете ги ознаките на задниот дел од амбалажата.