Ако некогаш сте биле на дегустација на вино, или пак барем сте биле опкружени со љубители на вино во било кој момент, ќе знаете дека разговорите за виното, неговата боја, арома, тероар и сортата претставуваат стандард за курсот.

Но сега, се повеќе луѓе ги надминуваат овие стандардни дискусии за да ги преиспитаат новите видови на вина, како што се природните, органските и биодинамичките вина. Иако технички сите три спаѓаат во истата поширока категорија, сепак се уникатни. Во прилог ви носиме се што треба да знаете за овие ексклузивни вина.

Природни

Природното вино во моментов е новата омилена работа во светот на здравата исхрана. Она за што повеќето луѓе не се свесни се дека иако е тренди, процесот за правење на природни вина е всушност првиот и најстар метод. Генерално, природните вина не содржат хемиски адитиви – почнувајќи од одгледувањето на овошјата, па се до ферментацијата, мешањето и процесот на флаширање. Овие вина се без хемиски супстанци, па така природниот вкус не се менува, што значи дека можеби и нема да го добиете истиот вкус како кај „обичните“ вина. Сепак, ова е добредојден резултат кај правењето природни вина.

Од друга страна, обичното вино обично содржи повеќе хемикалии и адитиви за да се промени течноста, како што е генетски модифицираниот квасец со цел да се корегира бојата и вкусот. Но, постои ризик кај природните вина – не постојат стриктни регулации вклучени во природното производство на вино, што значи дека секој прозводител на природни вина ќе си има свој рецепт и своја претстава за процесот кој го прави виното природно.

Органски вина

Органските вина значи дека се користат грозје кое е органски одгледувано. Тоа значи без користење на синтетички интервенции, вклучително и пестициди, синтетички ѓубрива и хербициди за да се обезбеди добра жетва. Наместо тоа, користи орански ѓубрива и ротациски посев и жетва. За разлика од природните вина, органските можат да содржат и мали хемикалии – сулфити, поточно. Тие се појавуваат природно и се производ на алкохолната ферментација. Сепак, производителите на вино за регуларните вина додаваат повеќе сулфити во процесот за да се обезбеди подолг рок на траење на вината.

Повеќето органски производители на вина не додаваат никакви дополнителни сулфити, но едиствената негативна работа е што не може да се чува виното подолго врмее. Треба да се напомене дека повеќето вина кои пристигнуваат од Европа и Канада можат да имаат мали количини на дополнителни сулфити. Според регулативите во овие две места, се додека сулфитите не надминуваат 100 делови од милион (ppm) за црвено и 150 ppm за бело вино, тогаш вината се органски.

вино

Уште една важна работа на која треба да се обрне внимание е етикетата на органските вина. Некои вина би можеле да бидат направени со органско грозје, но тоа не значи дека се органски вина. Ако производителот одлучи да додаде некои адитиви во виното, на етикетата обично пишува „направено од органско грозје“. Вината со органски етикети значи дека се сертифицирани од лиценцирани организации. Целиот постапка од одгледувањето, па до процесирањето е направена според регулирани стандарди.

Биодинамични вина

Биодинамичните вина се слични со органските, со таа разлика што тука се оди неколку чекори подалеку за да се креира цел еден фертилен екосистем околу лозјето. Биодинамичките вина почнуваат од почвата каде што расте грозјето. Како кај органските вина, исто и тука не се користат синтетички интервенции за да се создаде совршениот посев на грозјето. Лозјето само по себе е биодинамична фарма – самоодржлив начин за интеракција со екосистемот на флора и фауна. Се е одредено според строг календар, кој вклучува насад и жетва. Овој специјален календар ги зема во предвид лунарните циклуси и позицијата на сонцето и планетите, така што се минува низ педантна и прецизна грижа и детално внимание.