Алкохолните пијалоци се направени за да уживаме во нив додека ги пиеме. Секој пијалок крие некоја своја приказна од самото негово создавање па се до намената за која се пие. Најдобрите алкохолни пијалоци секогаш доаѓаат по многу високи цени, па еве една листа на десетте најскапи пијалоци во светот.

1. Billionaire Vodka – 3.7 милиони американски долари: иако овој пијалок не е еден од тие пијалоци кои се доста ретки бидејќи веќе не се произведуваат, се доста стари и се многу ретки, сепак се наоѓа на врвот на оваа листа најмногу поради неговата автентичност. Billionaire Vodka кој доаѓа од Leos Verres Luxury Group е шише исполнето со 5 литри најчиста и најблага вотка направена по руски рецепт, со дестилација на чиста пченица и кристално чиста вода. Згора на тоа шишето е покриено со приближно 3.000 дијаманти и Swarovski кристали кое е дизајнирано од Leon Verre.

алкохолни пијалоци

2. Henri IV Dudognon Heritage Cognac Grande Champagne – 2 милиони американски долари: произведено во 1776 година, овој пијалок е спакуван во шише натопено во 24 K Yellow Gold & Sterling Platinum и украсено со 6.500 сертифицирани брилијантно пресечени дијаманти дизајниран од познатиот златар Jose Davalos.

алкохолни пијалоци

3. Russo-Baltique Vodka – 1.35 милиони американски долари: кога станува збор за Водка, може речиси слепо да им верува на Русите за квалитет и разновидност. Шишето изработено од монети ковани меѓу 1908 и 1912 година, период кога компанијата го произведува својот прв автомобил, е создадено за одбележување на сто годишнината на компанијата. Ова популарно шише алкохол пред да биде украдено се имаше појавено во серијата House of Cards.

4. Diva Vodka – 1 милион американски долари: ако сакате нешто поразлично тогаш треба да размислите за оваа вотка која е единствената вотка во светот што се филтрира низ скапоцени камења, откако се филтрира на традиционалниот начин.

алкохолни пијалоци

5. Mendis Coconut Brandy VS – 1 милион американски долари: кога ќе се спомене кокос сите би се согласиле дека во комбинација со други алкохолни пијалоци, како коктел е доста добар. Но тука станува збор за ракија направена од кокос во целост, а секое шише е посебно нумерирано и потпишано од страна на носновачот на компанијата, W.M Mendis.

6. Macallan 64 Year Old In Lalique – 625.000 американски долари: ова единствено познато виски е најскапотот виски. Позната по тоа што произведува висококвалитетно single-malt виски, и фактот што само четири шишиња биле произведени дополнително ја објаснуваат високата цена на ова старо виски. И да не заборавиме дека секое виски е сместено во посебно дизајниран кристален декантер, создаден со цел да ја прослави 150-годишнината од раѓањето на René Lalique, основачот на француските занаетчии на кристали.

7. 1945 Romanee-Conti Wine – 558.000 американски долари: кралот на колекционерските вина, а 1945 година се смета за негова најценета берба. Виното кое е опишано како „концентрирано и егзотично, со навидум вечна моќ – вино во мир со себе“ е произведено во 600 шишиња.

8. Armand de Brignac Midas – 265.000 американски долари: супер познато и популарно поради раперите и спортските ѕвезди, ова е најскапиот шампањ во светот. Овој пијалок старее околу триесет години и користи некои од најдобрите сорти на грозје за да го постигне својот карактеристичен вкус.

9. Dalmore 62 – 125.000 американски доалри: ова виски е голема мистерија, бидејќи никој не знае од каде го добива своето име, или процесот што го направи единствен. Создадени само 12 шишиња, последното од нив е продадено на аеродромот во Сингапур.

10. The Sapphire Revelation By Bombay – 200.000 американски долари: едно од најпрепознатливите шишиња џин доаѓа во форма на скапоцен камен изработено од Baccarat crystal.