Она што е малиот црн фустан кај жените, тоа е црното одело кај мажите. Неверојатна класика која не излегува од мода, која секогаш е одличен избор бидејќи не можете да погрешите и на кое дизајнерските куќи од Saint Laurent до Celine, инсистираат да го инкорпорирате во гардероберот за есен-зима 2019/20. Tom Ford секогаш нека ви биде инспирација кога станува збор за каков да е кројот на црното одело, а сезонава носете го со бела кошула и тенка вратоврска. Повторуваме, кројот мора да е совршен!