Според дискусија на Reddit, мажите сакаат жената да го направи првиот чекор бидејќи се желни за комплименти

„Како се чувствуваат мажите, кога жената го прави првиот чекот?“ 

Вака гласи едно од прашањата кое поттикна дискусија на Reddit. Во рок од 6 часа, прашањето доби повеќе од 24 илјади коментари. 

Судејќи по нив, излезе дека мажите сакаат кога жената го прави првиот чекор. Многумина припадници на машкиот пол изјавија дека им се симнува голем товар од плеќите кога жената прва ќе им пријде. Но, сега се поставува друго прашање: Од која причина пак мажите го сакаат ваквиот женски пристап? Зарем вака не се искоренува онаа потреба за ловење, која веројатно мажите ја имаат во својата ДНК уште од претходните генерации? 

Заклучокот, според корисниците на Reddit е дека мажите се желни за комплименти во суштина па ваквото внимание од жените им годи. 

„Мажите ретко добиваат комплименти па веројатно, кога некоја девојка ќе ми пријде прва, тоа е голем комплимент за мене како маж“, вели еден од корисниците.

Некои од корисниците велат дека чувството на овој недостаток се должи на тоа што мажите не си упатуваат комплименти меѓусебно, како што тоа го прават жените. Па во иднина, советуваат жените да делат повеќе комплементи на своите потенцијални партнери, а мажите да го сторат истото кон своите пријатели. Тоа сигурно нема да ви донесе состанок, но барем ќе направите некој да се почувствува пријатно.