Новиот електричен италијански скутер, Kobra, го привлече вниманието со дизајн за кој се вели дека гарантура безбедност на моторкако на градски така и на off-road терени. За да се постигне ова, Kobra е опремен со предно тркало со широк радиус, што додава стабилност, челична рамка инспирирана од мотоцикл и двојна диск сопирачка во комбинација со електронска сопирачка.

Според изјавата на компанијата „По неколкумесечни искуства од прва рака со електрични скутери, на градски и ридски патишта, сфативме дека нема модел кој може да гарантира опстанок во оваа џунгла“.

Kobra скутерот има две верзии, The smart и The climber. Првиот модел, The smart, има потенка гума и моќност на мотор од 350 kW, додека вториот кој е наменет за ридски терени е опремен со соодветна гума и 500 kW. Што се однесува до клучните карактеристики, овој скутер развива максимална брзина од 25 километри на час, батерија што трае повеќе од 100 километри со систем за регенерација на батеријата.