Knives Out е филм опишан како забавна, модерна мистерија за убиство, кој се очекува на 27 Ноември 2019 година. За овој филм може да се каже дека е најочекуваниот филм годинава.

Сценарист и режисер на филмот е Рајан Џонсон, кој со филмот и оддава почит на Агата Кристи. Мистеријата околу убиството на познат криминалистички писател Харлан Тромбеј, кој е пронајден мртов непосредно после неговиот 85-ти роденден, треба да биде решена.

Но, во стилот на Агата Кристи, сите присутни се осомничени… Во филмот глумат многу познати актери, како што се Даниел Крек кој го глуми детективот, Крис Еванс, Џејми Ли Кертис, Дон Џонсон…