Knight International е најпознат по продавањето на ретки хиперавтомобили, а првиот модел на компанијата кој е наречен Knight Vision R има за цел да го комбинира изгледот на класичните тркачки автомобили од 60-тите години, заедно со „највисоките стандарди“ на денешницата.

Инспириран од AC/Shelby Cobra, хиперавтомобилот се карактеризира со карбонска каросерија. Исто така, забележливи се и карбонски преден сплитер, отвори за воздух кај задните тркала, а од компанијата истакнуваат дека моделот ќе има титаниумски издувен систем како и карбонски фелни кои се поддржани од карбон-керамички сопирачки систем.

Возилото се напојува со 5,2-литарски V8 мотор кој испорачува 771 КС кои се пренесуваат на задните тркала. Тука се и двата електромотори кои испорачуваат 355 КС и ги напојуваат предните тркала. Ова ќе му овозможи погон на сите четири тркала на автомобилот и комибинрана моќност од 1.125 КС. Производството ќе биде ограничено на 500 единици, а цените ќе стартуваат од 500 или 600 илјади долари. Сепак, засега нема информации кога производството ќе започне.

Прочитајте повеќе на avtoplus.mk