Klipsch официјално го претстави својот магнум опус кој претставува врвно искуство за жестоките аудиофили – Jubelee самостојниот звучник. Најголемиот звучник од компанијата Klipsch, Jubelee, претставува последниот проект на кој работеше основачот Пол В. Клипш пред да почине во 2002 година. Иако не е во можност да види како неговиот сон стана реалност со креирањето на наследникот на Klipsсhorn, модерната технологија направи оваа визија да стане возможна.

Звучникот Jubilee е целосно опремен двонасочен звучник кој ја инкорпорира најновата акустична технологија. Има дури и патентирано вентилирано куќиште со ниска фреквенција и целосно нов драјвер за компресија. Секој звучник е направен во Хоуп, Арканзас и е направен од избор на American Walnut или Black Ash. Во внатрешноста се сместени два вуфера од 12 инчи со три приклучоци од четири инчи, заедно со двигателот за компресија со сирена направен со 7-инчна AxiPeriodic титаниумска дијафрагма.

Звучниците се апсолутно масивни и стојат на висина од 5’8 инчи, широки се 4′ и длабоки 2’6 инчи, со тежина од po 183 килограми. Цената е вистинска „ситница“ и изнесува 35.000 американски долари за сет од два звучници, а секој звучник е направен по нарачка.