Кога станува збор за секојдневната мода, веќе е добро познато дека таа е циклична и дека трендовите практично се вртат во круг, во недоглед, се додека еден ден не се вратиме на самиот почеток…
На многумина им недостасуваат традиционалните кроеви, елегантните господа во костуми, шапки и џебни часовници, додека некои жалат по урбаната мода од 70-тите и 80-тите години на минатиот век. Сепак, денешната мода, за жал, добива некои сосема различни форми. Со родово неутрални и флуидни карактеристики, денешната мода им прилега истовремено и на мажите и на жените, одговарајќи на потребите на целиот пазар, на сите возрасти, стилови и преференции.
Но, некои работи силно одолеваат на целата оваа приказна и остануваат непроменти со години наназад, а веројатно такви ќе останат и во иднина. Станува збор за парчиња кои ги нарекуваме класици, односно кои со леснотија се прилагодуваат во секоја прилика, на секое место и за секоја наша потреба. За жените тоа секако е малиот црн фустан, кој истовремено може да биде елегантен, секси и заводлив, додека во сферата на машката мода ситуацијата е нешто поинаква.
Поло маички за секоја пригода
Мажите имаат многу класични парчиња на располагање – од вонвременските одела со неутрални тонови во кои можеме да бидеме елегантни и бестрашни каде и да се појавиме, преку едноставните панталони и кошили, па се до поло маиците кои се главната тема тука.
Со помош на поло маиците, дури и најобичните фармерки можат да делуваат елегантно – тие им даваат доза на строгост и насока, проткаени со префинет стил, додека класичните панталони добиваат нова димензија и совршен следбеник во секоја прилика. Со оглед на тоа дека летните денови се тука, па кошулите веќе делуваат како мачење на овие горештини, време е своите гардеробери да ги освежиме со нови поло маици кои ќе бидат нашиот спас во овие тропски климатски услови и во целост ќе ја елиминираат дилемата околу тоа што да облечеме за на работа, за во кафе бар, дискотека, патување…
Во прилог ги имате некои од најдобрите и најомилените поло маици кои се достапни, а вие можете и самите да си го изберете вашиот фаворит.