Откривајќи ја елеганцијата и безвременоста на оваа колекција, Brioni реши соодветно да ја презентира во Palazzo Gerini. Славејќи ја 75 годишнината, колекцијата изобилува со беспрекорен крој и богати материјали. Моделите, секако познати музичари. Според изјавата на директорот на дизајн, Norbert Stumpfl, тој не се занимава со „мода, повеќе е стил што им покажува на мажите како можат да ги носат овие исклучително луксузни облеки на многу лесен начин“. Тој се осврнува на севкупната смисла на лежерна софистицираност внесена во неговата колекција, главно пренесена преку ситни детали и нежната палета на бои. Погледнете ја колекцијата!