Филмаџиите и модните дизајнери се занимаваат со оживување на својата визија. Па таа поврзаност е очигледна кај модните креативци кои црпат инспирации од екраните. Тука е Раф Симонс, не крие дека ја сака својата љубов кон Дејвид Линч, Александар Меквин беше огромен обожавател на Хичкок, и честопати му оддаваше почит на мајсторот на неизвесноста.

 

1.Charade (1963) Изборот на Хеди Слиман, кој беше креативен директор на Dior Homme, е во романтична комедија Charade, од Златното доба на Холивуд во која играат двајца од најголемите актери Одри Хепберн и Кери Грант. Кој би помислил дека таканаречениот „Prince of Darkness“ би сакал комедии…но како и да е овој филм е инспирација за неговите дела особено во машката мода.

 

2. The Virgin Suicides (1999) Мрачната приказна за девојките од едно американско предградие е инспирација за кампањата за парфемот Дејзи на Marc Jacobs. Но инспирацијата не завршува тука, Раф Симонс се повикува на филмот за неговото деби во Calvin Klein.

3. Blue Velvet (1986) Најголем обожавател на Дејвид Линч е очигледно Раф Симонс, кој му посвети безброј колекции на авторот. Најновиот пример е машката колекција од Simons-Fall/Winter 2019, прекриена со слики од Blue Velvet.

4. Belle de Jour (1967) Мајстор за надреализам што треба да се забележи е Луис Буњел, чии филмови нудат сатиричен став за буржоазијата. Еден таков пример е Belle de Jour, каде Северин, париска домаќинка се претвора во проститутка. најчеста инспирација од овој филм се гледа во колекциите на Миучија Прада која често го наведува филмот како омилен.