На онлајн-промоција, македонскиот композитор и продуцент Кирил Џајковски го објави новиот сингл „Rеminder“ за кој е изработен и одличен видео спот, а со кој Џајковски се враќа на сцената по подолга дискографска пауза.
Песната „Reminder“ е прва соработка со новиот член на неговиот концертен бенд, вокалистот Дејвид Лајон и претставува храбра комбинација на balkanbeat – звукот со glitch-hop и реге-влијанија.
Ова издание под етикетата на „Филтер Лабел“ е прво во низата синглови со нова музика на Џајковски што ќе бидат објавени во текот на следните месеци и ќе коинцидираат со засилена концертна активност на најпопуларниот македонски електронски артист.