Кинезите кои се покажаа доста спремни во борбата против корона вирусот не сопираат. Целата енергија и знење за време на пандемијата беше усмерена кон чистење, дезинфекција и помош на болните, додека сега таа енергија ја усмеруваат кон заштита на се останато. Па така создадоа робот кој со помош на УВ зраци и спреј за дезинфекција го убива патогенот.

Покрај дезинфекција овој робот е опремен и со камери кои ја мерат телесната температура на луѓето. Капацитетот на овој робот е за 150 минути да помине и издезинфицира 1.000 метри квадратни и е доста погоден за затворени јавни места или објекти со висок ризик.

Овој дроид наречен ARIS-K2 е висок 1.4 метри и чини 40.000 американски долари. Производител на роботот е YouiBot Robotics, чија специјалност e производство на професионални, автономни, мобилни роботи. Овој изум се покажал како полн погодок земајќи ја во предвид регулативата во Кина со која морате два пати во денот да правите дезинфекција на површините и објектите во кои работите.