Терминот „хотели за љубов“ има различна конотација на запад и на исток на планетата, особено во земјите како што се Кина и Јапонија, во кои тематаиката на ваквиот простор овозможува романтична и често, фантастична атмосфера без претерана стигматизација.

Всушност, ваквите места имаат долга традиција и не се ограничени само на незаконски љубовни афери, а стануваат се попопуларни и кај брачните парови. Денес, хотелите за љубов ги менуваат своите прекари во романтични, или хотели за парови, додека нивниот фокус се заснова на позабавни теми и на визуелното значење на дизајнот на ентериерот.

Хотелот во Кина, Mylines Westlake има за цел да редефинира се што претставува поимот „хотел за љубов“, со динамично модерен дизајн на компанијата LYCS Architecture.

Оваа фирма осмислила шет тематски соби, базирани на студија изработени според примарните човечки желби: нарцизмот, посакувањето, страста, добриот изглед и романсата. Секоја тема доаѓа со посебен комплет на евокативни дизајнерски детали, вклучувајќи и осветлување, шема на боите, материјали, распоред, акустика и прозорци.

Заедничките површини на овој хотел содржат сенузални брановидни пикселизирани тавански илустрации, перници во форма на усни и обилност на црвени и розови нијанси, поставени наспроти бели и сиви позадини.

Меѓутоа, секоја од 33-те соби овозможува уживање во приватниот свет кој е многу пријатно замрачен, живописен, неонски осветлен или студен, силен, сличен на дворец, се во зависност од темата што ја има. Одредени приватни зони опремени се дури и со метални ѕидови.

Собите “suppression” се многу помажествени и ослободени од било какви детали кои можат да бидат наречени прецизни или кичести. Во “romance”-собите сите гости можат да пронајдат пријатен текстил, меки површини и мурали во пастелни бои.

Сместувањето во темата “fantasy” овозможува опуштање во боите на морето и природата, додека површините на собите од типот “narcissism” се обложени со огледала.

Конечно, собите “exposure” си поигруваат со концептот на воајеризам, имаат длабоки џакузи-кади во својот центар и удобни перници, дизајнирани за да се приспособат на суптилните контури на телото, сместени покрај големи прозорци.