Кина го откри прототипот на Maglev (магнетна левитација) брзиот воз кој развива брзина од 600 километри на час, што ќе го направи најбрзиот воз во светот. Производството е закажано за 2021 година а прототипот означува голем напредок во развојот на возови.

53-метарскиот прототип, кој го изработи државната корпорација за возен железнички сообраќај CRRC, со помош на магнетни сили ќе ја постигне големата брзина. Што значи дека возот практично лебди. Возовите што моментно се движат на линијата Пекинг – Шангај имаат максимална брзина од 350 км на час.

Maglev

Динг Сансан, заменик главен инженер на CRRC, ја искористи рутата Пекинг-Шангај како референтна точка: „Пребројувајќи го времето на патување, потребни се околу четири и пол часа со авион, околу пет и пол часа со брза железница но само три и пол часа со новиот Maglev брз воз ”. Динг, кој го предводи тимот за истражување и развој на маглев, вели дека прототипот веќе постигнал „статичко левитирање“.