Кина го претстави својот прв воз кој лебди, работи на обновлива енергија и има стаклено дно. Лоциран во Ченгду, проектот за новиот таканаречен sky train, работи на литиумски батерии. Преку стаклената плоча од три страни што нуди преглед од 270 степени, патниците ќе можат да уживаат во некои од најневеројатните панорами додека патуваат. Ова транспортно средство е првото вакво средство кое се движи со брзина од 80 километри на час со максимален капацитет од 120 лица по вагон. Целта на овој вид на железница не е само уште еден вид на јавен превоз туку и туристичка атракција. Во моментов sky train поминува низ 11,5 километри и располага со четири станици кои поврзуваат важни туристички точки во градот. Возот тежи околу 2,5 тони, што е за 0,5 помалку од вообичаените возови.