Истражувачи од Southwest Jiaotong University дебитираа со првиот на светот прототип на маглев воз кој може да достигне брзина од 620 километри на час. Технологијата за високо-температурна суперспроводливост (HTS) беше лансирана за време на церемонијата на која се гледаше како сјајна локомотива долга 21 метар лебди по шините.

„Иако теоријата звучи добро, сите ја гледаа оваа технологија како лабораториска играчка во минатото, без тестови во реална ситуација“, рече Денг Зиганг, заменик директор на универзитетскиот истражувачки центар.

За функционирање на овој воз се користени различни технологии и материјали. Така високо-температурна суперспроводлива магнетна левитација  е овозможена од лесното тело на локомотивата која е направена од јаглеродни влакна и од формата на истата.