Креаторите Witcher 3: Wild Hunt ги воодушевија гејмерите со претставувањето на новата игра Cyberpunk 2077 чие дејство се одвива во блиска иднина и за која објавија доста интересен трејлер. Оваа RPG Single player игра на играчите им овозможува трансформација, истражување на иднината и решавање на различни мисии.

Приказната во Cyberpunk 2077 го прати ликот V кој живее во измислениот и најозлогласен град Night City кој се наоѓа во Калифорнија. Играта е од отворен тип, играчите ќе може да одат каде сакаат и да прават што сакаат, ќе имаат различни главни и споредни мисис во 6 различни области кои се наоѓаат на мапата од оваа игра.

Како изненадување што може да се види од трејлерот за играта е појавувањето на Кијано Ривс. Се уште не е позната неговата улога во играта, па затоа ќе чекаме да видиме што ќе донесе играта.