Според последните истражувања, придржувањето до кето исхраната го зајакнува имунитетот и се ослободува од грипот.
Ако се придржувате до кето исхраната, резултатите ќе бидат видливи во однос на килограмите. Според едно недамнешно истражување на Универзитетот Јеил, основата на кето исхраната може да ви помогне да го совладате грипот. Исхраната богата со масти и протеини, а која не поддржува јаглени хидрати помага да се борите со вирусите.
Според истражувањето, кое е спроведувано засега само на лабораториски стаорци, кетогената исхрана, активира некаква група на Т клетки во белите дробови која претходно не се среќава во изградба на имунолошкиот систем, а е тесно поврзана со имунолошкиот одговор на вирусот во организмот. Таа група Т клетки го зголемува излачувањето на слуз, кој пак ги заробува клетките на вирусот.