Познатиот дизајнер Кензо Такада и основач на бренд KENZO, денес почина на 81 годишна возраст во Франција по компликации од КОВИД-19.

„Со огромна тага брендот К-3 објавува загуба на славниот уметнички директор Кензо Такада. Светски познатиот дизајнер почина на 4-ти октомври 2020 година, поради компликации поврзани со Ковид-19 на возраст од 81 година во American Hospital, во Неји на Сена, Франција “, стои во изјавата.

Такада е роден во 1939 година во близина на Осака а во Франција пристига со брод во далечната 1965 година, по што се населува во Париз каде ја гради својата кариера, создавајќи скоро 8.000 дизајни. Неговите први производи се продавале во неговиот прв бутик наречен Jungle Jap. Дизајнерот во 1976 година го отвара водечкиот бутик во Place des Victoires кој ќе го прослави. Во 1993 година LVMH го купува модниот бренд KENZO, дополнително издигнувајќи ги визионерските дизајни на Такада на луксузен начин.