Kenzo со подршка на WWF (World Wildlife Fund) ќе учествува во зголемување на популацијата на тигри. Тигарот стана еден од мотивите на модниот бренд Kenzo, бидејќи неговата моќна енергија и природа одамна се клучна инспирација за брендот како љубители на џунглата и авантуристичкиот дух.

Опстанокот на оваа фасцинантна мачка е од витално значење за нашиот екосистем, а оваа соработка треба да го запре процесот на истребување. Популацијата на тигри од 2010 до 2016 година се има зголемено за само пет проценти, бројот на ова фасцинантно животно во 2010 година изнесувал 3.200 додека во 2016 година по сите глобални напори за зачувување на овој вид бројот се зголемил на 3.890 на глобално ниво.

Овој моден бренд се надева дека ќе помогне во проширување на својата поддршка за зачувување на овој уникатен вид и ќе помогне на Tx2 организацијата да го удвои бројот на тигрите во дивиот свет до 2022 година. За да го стори тоа, Kenzo создаде капсулна колекција на дуксери, маици и фустани, секоја направена од 100 процентен органски памук и сертифициран од Global Organic Textile Standard (GOTS).

За секое продадено парче, Кензо ќе донира 10 американски долари на Tx2 со што ќе помогне да се спаси овој загрозен вид. Оваа соработка е почеток на напорите за иницирање на општествени промени.