Ѕвездата од Underworld, Кејт Бекинсејл никогаш не изгледала подобро, а тоа го покажа во бикини издание, оваа зима, на Instagram. 

Додека зимата ја завива во бело северната полутопка, актерката Кејт Бекинсејл нè потсети дека во другите делови од земјата температурите растат. Особено кога таа е таму.

Нејзините 3 милиони фанови беа почестени со бикини фотосесија од нејзиниот одмор во Мексико, каде актерката изгледа неверојатно добро. Не дека некогаш имала лошо издание. 

Последниот телевизиски проект на Бекинсејл е серијата The Widow, додека за филмското платно во 2020 ги подготвува Jolt и El Tonto.