Новата серија на звучници на KEF се вистинско изненадување, апсорбираат 99 проценти од несаканата бучава и доаѓаат со мат финиш. KEF LS50 Meta и LS50 Wireless II, се првите звучници во светот што користат технологија Metamaterial Absorption Technology (MAT), направени од синтетички материјал кој апсорбира звук. Оваа технологија е развиена од страна на KEF за која се вели дека ги намалува вибрациите на обвивка на звучникот и спречуваат било која од тие вибрации да се мешаат со аудио квалитетот што излегува од него.

KEF LS50 Meta доаѓа со 12-та генерација на Uni-Q звучник, Driver Performance Optimisation и патентиран офсет флексибилен порт кој овозможува поголемо движење на воздухот при појак бас. LS50 Meta ќе биде достапен во четири бои carbon black, titanium gray, mineral white и royal blue и ќе доаѓа со препорачана моќност од 40 до 100 вати.

Безжичната конфигурација LS50 Wireless II, подржува Spotify, Tidal, Amazon Music и Deezer, додека апликацијата KEF Connect ви овозможува да вклучите интернет радио. Звучниците имаат вградени AirPlay 2 и Chromecast за да ви помогнат да се поврзете со вашиот Apple или Android уред.

Ако тоа не е доволно, LS50 Wireless II исто така поддржува Bluetooth, плус жичани врски како HDMI, аналогни, оптички и коаксијални влезови за поврзување со ТВ, грамофони, ЦД плеери или конзоли за игри. Овој звучник доаѓа во carbon black, titanium gray, mineral white и специјалната crimson red боја. Ако барате нови звучници за вашето домашно кино тогаш добро е да знаете дека цената на истите е 1.499 и 2.499 америкаснки долари.