Британската компанија KEF ги претстави Mu3 True Wireless слушалките во чие дизајнирање учествувал велшкиот уметник и индустриски дизајнер Рос Ловегроу. Елегантна, заоблена силуета во сребрена боја. Може да се каже дека добар дизајн доаѓа со добри перформанси. Со 8,2 милиметарски „full-range dynamic driver“ овие слушалки, како што велат од компанијата, нудат детален звук.

Активното откажување на звукот не дозволува несаканите надворешни звуци да му пречат на вашето слушачко уво. Слушалките доаѓаат со Bluetooth 5.0 кои овозможуваат поврзување со вашите уреди. А за заштита  од временските услови Mu3 True Wireless се опремени со  IPX5. Што се однесува до траењето на батеријата, компанијата вели дека целосното полнење ќе ви овозможи девет часа на самите слушалки со дополнителни 15 часа преку куќиштето за полнење.