Швајцарската стартап компанија HMCARE, собра милион швајцарски франци за да го комерцијализира својот нов производ, целосно транспарентна и еколошка хируршка маска. Основачите биле инспирирани од здравствените работници при избувнувањето на ебола во 2015 година каде се соочиле со проблем во детските болници низ целиот свет кои соработуваат тесно со пациенти, деца и пациенти кои го изгубиле слухот, каде фацијалната експресија и читањето од усни е битна.

Техничките транспарентни маски кои се направени од пластика не се доволни бидејќи тие се замаглуваат. Сепак овие маски треба да ги исполнат ригорозните барања на медицинското опкружување. Па за таа цел тимот работел со швајцарскиот центар за материјали Empa за создавање нов вид текстил, користејќи транспарентни влакна добиени од биомаса.

Транспарентните влакна кои се проткајани на растојание од 100 нанометри, во три слоја, формираат материјал низ кој се дише без проблем, ги задоволува медицинските стандарди и притоа изгледа како замрзнато стакло. Оваа маска е наречена HelloMask. Оваа пандемија е поттик за комерцијализација на производот.