Раперката/актерка Карди Би ќе се приклучи на високо октанското семејство чии авантури ги следиме повеќе од 18 години – Fast & Furious 9

Актерот Вин Дизел, кој е дел од екипата уште од 2001 година, на својот профил на Instagram сподели видео кое открива дека раперката Карди Би е дел од снимањето на најновиот Fast & Furious, деветти по ред. Снимањето се одвива во Лондон, а раперката е убедена дека ова ќе биде најдобриот Fast & Furious филм досега.

Ова е втора голема улога за Карди Би на филмското платно, откако нешто порано годинава се појави во Hustlers покрај Џенифер Лопез и Констанс Ву. Во најновиот Fast & Furious, Карди Би ќе игра рамо до рамо со великаните како Хелен Мирен и Шарлиз Терон, а во филмот ќе се појават и добро познатите членови на тимот – Мишел Родригез, Тајриз Гибсон и Вин Дизел.