Кратко по долгоочекуваното пуштање во јавност на DONDA, најновиот албум на Кање Вест, познатиот рапер лансираше и облека со мотиви од неговиот десетти студиски албум.

И покрај објавувањето на албумот, контроверзите кои го следеа целиот проект изминатите месеци не запреа, туку напротив, експлорираа уште посилно благодарение на постот кој Кање Вест го објави на Instagram, каде вели дека Universal го лансираше албумот без негово сознание. Како сето тоа да не беше доволно, Кање пушти во продажба официјален „мерч“ поврзан со DONDA и „Еngeneered by Balenciaga“.

DONDA

Во понудата се наоѓаат 2024 Layer Longsleeve маичка, DONDA 2 Layer Longsleeve маичка и едноставно маркирана црна капа со DONDA на визирот. Но, она што се истакнува во концизната селекција е црната маска комплетирана со отвори за очи на кои има патент и која соодветствува со изгледот кој Кање го имаше изминативе месеци за време на промоцијата на DONDА.

Покрај ова, фановите можат да си додадат 10 долари за DONDA албумот, а оние кои живеат во САД ќе добијат дигитално симнување на истиот при купувањето на физичката копија. Сите парчиња облека се направени во Америка.

Со цена помеѓу 60 и 200 долари, DОNDA облеката на Кање Вест дизајнирана од Balenciaga е веќе достапна да се нарача на сајтот на познатиот рапер.