Kампување меѓу дрвјата, над прекрасен поток… Врвен додаток за авантуристи, планинари, ранец и шатор во едно. Tentsile Tree Connect може да биде поставен на било која висина. Се што треба да направите е да најдете три позиции (стебла, камења) на кои ќе го закачите и оптегнете шаторот.
Големата удобност и неспоредливиот поглед даваат едно несекојдневно искуство кое навистина вреди да се проба. Инсектите не се проблем поради заштитниот дел, постои и додаток за скали, ако сакате да сте навистина високо.
Постојат повеќе големини кои одговараат за соло авантуристи, парови, пријатели. Trilogy Super Tent е модел кој поврзува три Connect Tree шатори во масивна куќа на дрво во која може да се сместат шест лица. Со многу внатрешни џебови за складирање, двометарски кревет, и држач за таблет овој шатор изгледа прекрасно.