Пакувањето речиси секогаш ни паѓа тешко, но не потсетува дека сме поблиску до нашата следна дестинација која ќе ја посетиме. Секој патник гледа да искомбинира практичност, удобност и стил додека е надвор од својата земја, па затоа е важно да се биде сигурен дека сте ја спакувале вистинската облека. Но уште поважно е да спакувате чевли. Тие не само што се завршниот детал на вашата облека, туку ќе бидат и нештата што ќе одредат дали навистина ви е удобно секој ден.

Скоро секој одмор вклучува пристојна прошетка, а болките во нозете на крајот од денот можат да го уништат одличното искуство. И, дури и ако не правите ништо повеќе од лежење на плажа и веслање, од витално значење е да ги имате вистинските сандали, апостолки или папучи. Па така без разлика дали следната европска дестинација ви е културна, историска знаменитос или крстарење, погрижете се да спакувате чевли за следната авантура низ Европа!

Мокасини или некои лесни, меки обувки се брилијантен избор за европска дестинација. Тие се совршена комбинација помеѓу стил и удобност, нудат паметен-секојдневен изглед за ден или ноќ и се лесни за складирање во било која торба.

 

Удобни патики или еспадрили, се задолжителен дел од секој одмор. Одење низ калдрма улици, талкање низ музеи и историски знаменитости, туристички атракции во текот на денот може да биде тешко за вашите нозе, а патиките ќе ви помогнат да ги избегнете уморните прсти на крајот од денот.

 

Удобните сандали се секогаш плус кога времето е топло. Добивате нешто со доволно поддршка, флексибилност и амортизирање, и нема да морате да правите компромис помеѓу ладење на стапалата и удобно одење.

 

Европа е полна со возбудливи, интересни, предизвикувачки пејзажи, и одличната европска авантура не би била комплетна без малку теренски истражувања за кои секако ќе ви бидат потребни планинарски обувки. Иако заземаат простор во куферот, пристоен пар планинарски обувки ќе додадат на вредноста бидејќи ќе ви овозможат да правите се во текот на вашата посета на следната дестинација.