Како еден од симптомите кои се јавуваат при заболување со COVID-19, губењето на сетилото за мирис почна да се испитува од многу научници. Една нова студија на неколку научници од Универзитетот во Чикаго ги испитувала ефектите од отсуството на мирис врз либидото. Резултатите од студијата покажале дека способноста за мирис е клучна за уживање во добар секс, па така губењето на ова сетило влијае негативно врз либидото на луѓето.

Причина за ова е силната и посебна врска помеѓу мирисот, сексуалната мотивација и емоционалното задоволство по сексот која се појавила со текот на еволуцијата во лимбалниот систем. Дел од мерењата спроведени во студијата биле, мерење на олфакторниот капацитет на учесниците- осетливост на бутанол, идентификација на мирис, прашања во врска со сексуалната мотивација, фреквенција на сексуална активност, нивото на задоволство и друго.

Заклучокот на научниците бил дека намалената мирисна функција е поврзана со намалена сексуална мотивација и помало емотивно задоволство од сексот, но не влијае врз сексуалната активност или физичкото задоволство поврзано со сексот. Сексуалноста е од витално значење за репродукцијата кое е многу битно за човештвото. Сепак треба да се има во предвид и дека генералната сензорна чувствителност опаѓа со возраста.