Повеќето мажи секој ден се гледаат во огледало и забележуваат како нивната коса опаѓа. Но тоа најчесто се препишува на генетика, хормони и друго. Но понекогаш опаѓањето на косата е предизвикано од нашата исхрана. Недоволното внесување на некои хранливи материи исто така влијаат на опаѓањето. И пред да превземете било каков чекор, потребно е да внимавате на сигналите кое вашето тело ви ги испраќа, бидејќи така полесно и побрзо ќе си помогнете.

Недостаток на протеини:

Протеините произведуваат колаген. Колагенот е составен дел од влакната на косата, кожата и од ноктите. Недостаток на протеини предизвикува косата и ноктите да станат кршливи. Фоликулот на косата е место каде се формира влакното преку комплексна интеракција помеѓу хормоните, невропептидите и имуни клетки.

Централниот дел од влакното се вика медула и е најмекиот и кревкиот слој, после неа доаѓа кортексот кој содржи кератински снопови во клеточната структура и на крај е кутикулата составена од рамни и тенки клетки кои го покриваат кортексот. Покажано е дека тенката коса има потенка медула.

Бидејќи поголемиот дел од косата е составен од кератин, кој е протеин богат со сулфур, без протеини косата лесно се распаѓа. Протеините ќе ја направат вашата коса многу погуста со помазен и свиленкаст сјај. Најдобриот дел е тоа што не само што протеините се добри за вашата коса тие се добри и за вашата кожа.

Недостаток на железо:

Без железо, вашето тело произведува многу помалку и помали црвени крвни клетки. Хемоглобинот е важен затоа што доставува кислород во крвта а кислородот е градежен блок на животот. Недостаток на железо е директно одговорен за опаѓање на косата.

Една од причинителите е стресот кој може да го стимулира недостатокот на железо или прекумерното конзумирање на кофеин. Но овој вид на опаѓање на косата е привремено и се регулира по регулирање на нивото на железо во крвта. Секако за тоа е потребно консултација со доктор и тестови кои ќе ви ги одреди тој.

Недостаток на цинк:

Цинкот после железото е доста битен метал во човековиот организам. Цинкот е присутен во скоро сите човечки клетки и ткива. Цинкот е од витално значење за неколку различни телесни функции како што се варење, производство на хормони и клеточен раст. Цинкот го зголемува нивото на тестостерон во крвта, а тој хормон има директен ефект врз растот на косата.

Бидејќи нивото на цинк преку крвта не може да се открие, тогаш се препорачува анализа на урина во координација со анализа на влакно. Цинк се наоѓа во семиња, ореви, остриги, мисирка, живина и јогурт. а исто треба да знаете и дека недостатокот на цинк директно влијае на молекулите на протеините во вашето тело.