Стомачен вакум е вежба заснована на дишење, која ќе ви овозможува да ги зајакнете вашите стомачни мускули без интензивна физичка активност. Или едноставно … помогнете си да изградите six-pack стомачни побрзо применувајќи ја оваа техника. Метод познат во пилатесот и јогата, може да ви помогне да го израмните стомакот, подобрите дигестијата и се ослободите од болка во долниот дел на грбот. Според одредени експерти, со правилно вежбање, со десетминутни сесии три до пет пати неделно, може да очекувате резултати во рок од четири до пет недели.

Вежбата е насочена кон traverse abdominis, најразвиениот абдоминален мускул кој воедно е и одговорен за рамниот стомак. Вежбата не бара никаква специфична опрема или позиција, но бара одреден број повторувања и минимално времетраење за да биде ефективна. Ако се прашувате како оваа вежба би ви помогнала во дигестијата и држењето на телото, тогаш треба да знаете дека колку повеќе некој го опушта стомакот, положбата на торзото станува опуштена, искривена. Со оваа вежба, која поамбициозните можат да ја прават на крајот од тренингот, ќе овозможите правилно држење на торзото и главата. Оваа вежба на некој начин ги масира црниот дроб, цревата, дебелото црево и го подобрува варењето на храната.

Како се прави:
– Вдиши
– Наполнете го стомакот со воздух
– Издишете и повлечете го папокот во насока на ‘рбетниот столб
– Вовлечете го стомакот кон ребрата
– Повторете ја вежбата