Звучните ефекти се незаменливи херои на филмовите, внесувајќи го гледачот во моментот. За ова херојство се задолжени фоли уметниците кои на многу креативен и необичен начин прават звучните ефекти да бидат поприродни. Една од многу интересните работи е правењето на звучните ефекти во акционите филмови.

Сите тие удари, звуци на бодења, кршење на коски се толку автентични, креативни. Всушност за правење на овие звуци, фоли уметниците користат различни прехрамбени продукти. На пример боксовите ги изведуваат на тој начин што со едната рака прави туканица и ја удира отворената шака од другата рака.

звучните ефектиНекогаш да се засили тој ефект уметниците користат и работнички заштитни ракавици. Некои удари се прават на парче месо. Живо парче пилешко месо или диња се намирниците кои овие уметници ги користат за да ги создадат звуците на убоди од нож. Целерот е познат како производ кој прави звук автентичен на коска која пука.

Овие уметници се задолжени и за звуците од огнените оружја кои се користат во акционите филмови. Иако звуците кои ги произведуваат воопшто не се реални, во филм звучат одлично.