Јогата не е најинтензивниот, тренинг кој „гори” калории, но нејзината примена може да помогне при слабеење. Јогата го зголемува пулсот на срцето, при применување согорува калории, го подобрува спиењето и го намалува стресот. Но да не заборавиме дека при слабеење треба да се внимава и на исхраната.
Според истражување спроведено минатата година донесен е заклучок дека луѓето кои почнале некаков тренинг, почнале да внесуваат 90 калории повеќе дневно. Можеби ова е незначителна бројка на калории, но сепак е бројка која го забавува процесот на слабеење.
Од друга страна пак јогата е одличен тренинг за целото тело, помага при согорување на калориите но исто така помага да бидете сконцентрирани и доследни на начинот на исхрана. Кој вид јога е најдобар за слабеење? Постојат повеќе видови на јога, едни се наменети за релаксирање, додека друг вид е доста интензивен.
Вињаса е тоа што ви треба, интензивен и кардио базиран. Истражувањата покажуваат дека јогата може да му помогне на вашето тело да реагира на стресот поефикасно и помага при нарушувања со спиењето.
Спиењето и стресот влијаат на вашата тежина, затоа што недоволно сон го зголемува грелин хормонот што го зголемува апетитот, а стресот го зголемува кортизолот, што доведува до зголемена желба за конзумирање на шеќер. За оптимални резултати, се препорачува да вежбате јога четири пати неделно во комбинација со дополнителен кардио тренинг, бокс или трчање.
Природно е да сакате брзи резултати, но најуспешно е доколку полека губите од телесната тежина. Експертите препорачуваат да губите не повеќе од еден до два килограми неделно.