Кога Simon Porte Jacquemus ја лансираше својата линија за женска облека во 2011 година, тој вложи се – дури и неговите заштеди – не оставајќи простор за аксесоари, обувки или машка облека. Кога конечно ја претстави својата линија за машка облека седум години подоцна, дизајнерот истакна дека конечно „се чувствувало вистински… за нешто што се случило во неговиот живот“. Иако Jacquemus не потврди такво нешто, етосот зад облеката не пристигна целосно од замислениот европски иконокласт кој влијаеше врз неговата линија на женска облека. Наместо тоа, пристигна од самиот Jacquemus.

Дизајнерите на машка облека често креираат бариера меѓу нив и нивната линија за облека. На пример, Раф Симонс и Крег Симонс се одговорни за некои од најдинамичните колекции на денешницата, но нивните основи задржуваат придушена, разновидна униформа. Уште поискрените автори како Рик Овенс и Јохџи Јамамото преферираат придушена капсула од сопствените производи до нивните покарактеристични артикли кои ги прикажуваат на пистата.

Jacquemus презема поинаков начин. Иако женската облека на Jacquemus отсекогаш била боемска, исполнета со висока мода која ја побива конвенцијата со драматични силуети и пропорции, Jacquemus Homme сепак е пристапна. Мажите „купуваат поинаку од жените“, вели Jacquemus. „Постои ист пазар за улична мода, но за останатите, не е истиот пазар. Ние ги немаме истите тела“.

Машкоста е празен термин

Густиот слој, цветните кошули и јакните се еднакви делови кои се „достапни и едноставни“, потврдува дизајнерот. Овие придавки се природен опис за типично мажествената облека. Пред да се охрабри со купување на некој понапреден стил, машките купувачи се привлечени кон облеката која е направена да трае. Но, што всушност е машкоста? „Машкоста е навистина празен термин“, смета пензионираниот експерт за текстил и родови студии, доктор Џо Паолети. „Единствено значи она како оној кој зборува ја замислува машкоста. На пример, мажите имаат тенденција да носат униформи. Имаат тенденција да носат безбедни бои. Не е невешто, туку добро направено, добро одржувано, но суптилно“.

Jacquemus

Еднаквите делови на функционалност и едноставност, работната облека и воениот дизајн ја диктираа машката мода со години, објаснувајќи зошто мажите се насочуваат кон јакни од цврст материјал, квалитетен тексас и широки (удобни) панталони како база на нивната облека. Магијата кај Jacquemus Homme пристигнува од генијалноста на дизајнерот да ги спои овие препознатливи облеки со леснотија.

Привлечните бои се особено клучни за сензацијата која ја има машката облека на Jacquemus. „Постела една студија од 50-тите и 60-тите години според која кога мажите бирале облека, тие биле мотивирани при изборот од страв дека ќе бидат исмевани“, вели Паолети. „За мажите, стравот од исмевањето бил навистина силен демотиватор да пробаат нешто ново. Денеска ги имате помладите мажи кои го преиспитуваат овој став кон традиционалната машкост“. Токму овие мажи се дел од истакнатата клиентела на Jacquemus.

Jacquemus

Привлечни бои за искоренување на стравот

За да го предизвика стравот скриен во мажите кои сакаат да експериментираат со боите, Jacquemus нанесува бујни нијанси и живописни принтови во облека која никогаш не е занемарена во носењето. Секако, мажите би можеле да ја носат облеката како моделите на пистата, но надворешната облека на Jacquemus е подеднакво пријателски настроени кон мажите кои повеќе сакаат да имаат едно парче облека кое отскокнува.

Ова е еден вид покана да се испроба нешто ново, без целосно да се излезе од комфорната зона. Овие различни вкусови на машка облека ја предизвикуваат типичната машкост бидејќи Jacquemus и самиот ја предизвикува типичната машкост. Тој гордо носи фустани и оди без панталони, па зошто и останатите мажи не би го правеле истото? Секако, хетеронормативниот страв е голема пречка за прескокнување, но промената мора да започне од некаде. Како и обично, започнува со оние кои не се плашат да лутаат надвор од безбедноста на конвенционалното.

Jacquemus можеби оди во тој правец, но тој самиот нема да создаде нова ера на бесполова облека, туку едноставно ќе внесе по отворен пристап и перспектива во машката облека. Она што го предлага Jacquemus Homme не е само една нова колекција од мажи за мажи. Наместо тоа, претставува внимателна презентација за личниот вкус на францускиот креативец, филтрирана преку погледнот на неговата сексуалност, отвореност и желба за удобност. Етичките и еколошките иницијативи на Jacquemus, плус релативната достапност на неговата линија, обезбедуваат дополнителна привлечност.