Последните истражувања покажуваат дека доматите влијаат на подобрување на плодноста кај мажите и квалитетот на спермата. Научниците ова го припишуваат на ликопенот. 

Станува збор за хранлива состојка која се наоѓа во составот на доматите. 

Ликопенот претставува антиоксиданс, што значи превенира оксидација на клетките и се ослободува од постоечките слободни радикали, кои најчесто се причина за канцерогени, срцеви заболувања и неплодност. 

 

Истражувачкиот тим користел лактоликопен суплемент, бидејќи ликопенот од исхраната многу потешко се апсорбира. Мажите би морале да изледат 2кг готвени домати за да ја внесат потребната количина на ликопен. 

Истражувањето траело 12 недели, а вклучувало 60 мажи селектирани по случаен избор. Од нив било побарано да го намалат внесот на алкохол и да се придржуваат до здрава диета. Оние кои консумирале ликопен имале подобар квалитет на спермата.