Клинт Иствуд е симбол за стил. Најмногу познат по неговите улоги во култните „шпагети вестерн“ филмови на Серџо Леоне (The Good, The Bad And The Ugly), неговиот стил на екранот до ден денешен служат како појдовна точка за влијанието на соодветната западна мода. Доколку сакате да се обидете и самите да го примените овој изглед, тогаш пример треба да ви биде Клинт Иствуд.

Но, стилот на Клинт Иствуд ја надминува самата облека. Всушност, под препознатливите велур шапки кои често ги носел во филмовите се наоѓа совршена коса. Густа, со текстура, исчешлана и секогаш настрана. Практична фризура, полна со волумен за да се истакне очигледното – едноставно кул. За оние кои сакаат лесна, кратко потстрижана коса за летните денови, ова е точната референца која ви е потребна.

Денес, Клинт Иствуд има 90 години, а за советите околу следењето на неговиот режим на негување на косата прокоментира Џои Милс од Joe & Co.

Фризурата на Иствуд е совршената референца за престојната сезона. Внимавајте при пресекот. Потребни ви се минимум 10 сантиметри на врвот, со тоа што задниот и страничниот дел се пократки со потрстрижување на задниот дел од вратот. По ова, се е до стилот и начинот на кој ја носите фризурата. Започнете со миење на косата со детоксикациски шампон кој ќе ја исчисти вашата коса и ќе го отстрани вишокот масло од вашиот скалп.

По ова, исушете ја вашата коса темелно со крпа или пешкир и додадете тоник со морска сол. Ова е одлична мешавина на природни соли со дополнителни екстракти. Тоа резултира со живописен, текстуриран изглед во стилот на Клинт Иствуд.

Потоа, користејќи фен за коса и четка почнете да ја сушите косата, со тоа што секогаш осигурајте се да ја туркате наназад. Фокусирајте се на измазнување на страните позади и поблиску до главата, бидејќи потребно е да добиете квадратна форма ако сакате да го имате изгледот на Клинт Иствуд.

Кога ќе ги исушите страните и задниот дел, насочете се кон врвот. Треба да ја туркате горната страна нагоре и назад од вашето лице со четката. За да го направите ова, насочете го воздухот од фенот за коса на областа од коренот за да добиете поголем волумен. Исто така сушете го од една страна кон друга, бидејќи тоа исто така ќе ви помогне да добиете соодветна висина. Откако ќе се исуши, косата ќе изгледа прилично голема, но тоа е она што го барате.

За крај, потребна ви е паста или крема за коса. Започнете со мала доза со врвовите на вашите прсти. Размачкајте го ова на вашите раце и потоа минете со нив низ вашата коса, притоа туркајќи ја наназад. Додадете уште малку доколку мислите дека е потребно, но внимавајте да не претерате. Сепак, кул изгледот на фризурата на Клинт Иствуд лежи во тоа што не изгледа премногу вештачки.