Џејмс Бонд се наоѓа на самиот врв меѓу легендарните филмски ликови, но во последното издание на деценискиот филмски серијал, тој исто така беше и најсилниот и најсуровиот протагонист во светот на филмот. Последното издание го донесе Бонд кој е реинтерпретиран од Даниел Крејг по последен пат, во најдобрата физичка подготовка на актерот откако се наоѓа во 007 франшизата, а за тоа може да му се заблагодари на својот личен фитнес тренер, Симон Ватерсон, кој му помогна да изгради совршена телесна сила и форма наменета за лудите каскадерски секвенци и борбени сцени кои се сосема нормални за карактерот вклучен во светот на интернационалната шпиунажа.
Ватерсон ги базира тренинзите на принципите кои ги користи за да го тренира Крејг во текот на неговата петнаесетгодишна кампања во улогата на Бонд, од 2006 година и Casino Royale насловот, па се до последното No Time to Die издание.
„Една од клучните работи кои се обидов да го научам Крејг, е се за експлозивните движења. Спуштање, подигнување од подот на најбрзиот и најефикасниот можен начин“, изјави Ватерсон.
Ваквиот кружен стил на вежби е дизајниран за да ви помогне да го направите токму тоа. Можете побрзо да ги поминувате сите движења во вежбите, да минувате низ кардио и вежби за агилност во кружните сегменти со цел фазата за изградба на силата со помош на тегови и отпор потоа да продолжи да ги формира вашите гради и рамена. За 007 тренингот ќе ви биде потребно нешто повеќе опрема, така што можеби е најдобро да го испробате тренингот на Даниел Крејг во потполно опремена теретана.
Агилност и кардио
Направете вкупно три рунди, со одмор во траење од 30 секунди меѓу секоја од нив:
Slider Mountain Climber – 30 секунди
Низок наизменичен скип – 30 секунди
Обратен исчекор со подигнување на коленото нанапред – 10 повторувања по нога
Clean & Press со тегови – 8 повторувања
Скок на кутија
Battle Rope Waves – 30 секунди
Суперсилен тренинг
Направете три рунди со одмор од 30 секунди меѓу секоја
Ниско повлекување тегови на сајла – 25 повторувања
Предно повлекување тегови на сајла – 25 повторувања.